X
 31.08.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува во првата недела од септември?



Без промена на временската состојба во Македонија. Сончево и многу топло. Утринските температури ќе бележат благ пораст и ќе се движат од 12 до 21 степен, а пораст ќе има и во максималните температури кои ќе достигнат до 29 односно до 38 степени. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува доумерен слаб југоисточен и источен ветер. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје во понеделник ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 18 степени, а максималната дневна ќе достигне до 36 степени. УВ индекс 7.

Температурниот максимум за оваа недела се очекува во вторник. Со сончевото и топло време максималните температури ќе достигнат до 30 односно до 39 степени. Од среда се очекува благ пад на максималните температири.

Во среда сончево и топло, а максималните температури ќе се движат од 29 до 38 степени. Во четврток и петок претежно сончево со локална облачност и топло, без промена што се однесува до дневните температури.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот