X
 18.08.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме на почетокот од наредната недела?

Денес е четврток, 18 август 2016 година, 231-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:40, а ќе зајде во 19:32 часот. Денот ќе трае 13 часа и 51 минута.

Во утринските часови во најголем дел од Македонија имаме умерено облачно и топло време. Само во источните и југоисточните предели имаме појава на сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија денес во утринските и претпладневните часови ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови се очекува развој на нестабилност која ќе услови врнежи од дожд во западните, северозападните, североисточните и источните предели. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 12 до 21 степени, а пак максималните дневни од 24 до 35 степени. УВ индекс 6.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде умерено облачно со поврмени сончеви периоди. Попладне со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб северозападен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 32 степени. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во петок претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност, попладне и во вечерните часови нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури ќе се движат од 25 до 36 степени. Во сабота и недела претежно сончево со локална облачност и топло време. Во попладневните часови во планинските региони во северозападните, североисточните и источните предели со услови за локални врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од 26 до 37 степени, односно од 27 до 38 степени. Во понеделник умерено облачно и нестабилно со услови за врнежи од дожд и посвежо време со пад на дневните температури кои ќе достигнат до 24 односно до 35 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот