X
 03.09.2015 Образование

Професори од Оксфорд и Русија гостуваат во Свети Николе на меѓународен дијалог

Во Скопје, Свети Николе и Охрид од 2 до 4 септември се одржува ПРВИОТ МЕЃУНАРОДЕН ФИЛОЗОФСКИ ДИЈАЛОГ ИСТОК-ЗАПАД - СИМПОЗИУМ НА ТЕМА „НАУКА И РЕЛИГИЈА“ со учество на истакнати филозофи од Русија, Велика Британија, Србија, Хрватска, БиХ, Грција, Албанија и Македонија.

 

msu

 

Од 2 до 4 септември во Скопје, Свети Николе и Охрид за првпат се одржува Меѓународен филозофски дијалог „ИСТОК - ЗАПАД“ на тема „Наука и религија“. На конференцијата учество имаат истакнати научници и филозофи од Русија, Велика Британија, Србија, Хрватска, БиХ, Грција, Албанија и Македонија, а настанот е во организација на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Меѓународиот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“  - Свети Николе и Филозофско друштво на Македонија.

 

Симпозиумот го отвори академик Владо Камбовски, кој во МАНУ беше домаќин на првата работна сесија од симпозиумот. Втората работна сесија започна со обраќањето на ректорот на Меѓународиот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, професор д-р Душан Николовски: „Комплексните прашања за односот на науката и религијата заслужуваат посебно внимание во денешни услови, кога човекот секојдневно се запрашува за смислата на сопственото постоење и за природата на нештата.“

 

На втората сесија, свои излагања имаа Игор Евлампиев – професор на Факултетот за историја на руската филозофија на Универзитетот во Санкт Петербург, Марија Селак - професор на Факултетот за филозофија на Универзитетот во Загреб, Миколај Славковски – предавач на катедра за филозофија во Универзитетот во Оксфорд, Ристо Солунчев – професор на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, и останати учесници кои со своите научни погледи допираат до практичните филозофски прашања кои го засегаат секој современ човек.

 

Симпозиумот продолжува утре во Охрид, и се предвидува да заврши со потпишување на Декларација за мир која ќе биде предадена на Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-Мун, со надеж дека истата ќе биде пренесена до сите членки на Обединетите Нации.

 

ГАЛЕРИЈА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование