X
 21.09.2015 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на работната недела?



Во раните утрински и во претпладневните часови ќе продолжат врнежи од дожд. Овие врнежи во попладневните часови постепено ќе престануваат, но и понатаму ќе биде претежно облачно, свежо и ветровито.

Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 9 до 19 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат само до 14 односно до 24 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 16 степени, а максималната дневна ќе достигне до 22 степени.

Во вторник ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Во крајните југозападни предели со услови за врнежи од дожд. Утринската температура од 8 до 18 степени, а максималната дневна од 18 до 28 степени.

Во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Утринските температури од 9 до 19 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 21 односно до 31 степен.

Во четврток претпладне ќе биде претежно сончево, попладне нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во западните и североисточните предели. Минималните температури од 10 до 20 степени, а максималните дневни од 19 до 29 степени. Слично време не очекува и во петок.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот