X
 20.11.2015 Живот

Временска прогноза: Од недела пад на температурите



Во петок во утринските часови ќе има појава на магла по котлините и долините на реките. Во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Во попладневните часови појава на локална облачност ќе има во западните предели. Ќе дува доумерен засилен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -2 до 7 степени, додека максималните ќе бидат во опаѓање и ќе се движат од 12 до 21 степен.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна температура ќе достигне до 17 степени.

Во Македонија до сабота се очекува промена на временската состојба и крајот на овие пролетните денови. Во сабота умерено облачно со повремени сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта врнежи од дожд во западните предели. Дневните температури од 10 до 18 степени. Во недела, понеделник и вторник ќе биде умерено облачно со локални врнежи од дожд и пад на температурите. Во недела и понеделник на планините над 2000 метри со слаби врнежи од снег., додека во вторник тие е се спуштат до 1200 метри.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот