X
 14.10.2015 Живот

Временска прогноза за наредните 5 (пет) дена



Во Македонија во утринските часови ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Ќе дува доумерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од 3 до 13 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 14 односно до 24 степени.

Во Скопје во среда во утринските часови ќе има појава на магла, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 10 степени, а максималната дневна до 22 степени.

Во четврток во Македонија се очекува зголемување на облачност која ќе донесе умерено облачно време со сончеви периоди. Утринските температури од 5 до 15 степени, а максималните од 13 до 23 степени. Во петок умерено облачно со врнежи врнежи од дожд, овие врнежи ќе бидат со слаб интензитет и нема да создадат некакви проблеми. Минималните температури од 6 до 16 степение, а дневните температури од 11 до 21 степен. Во деновите од викендот во сабота и недела се очекува претежно сончево време со локална облачност. Максималните температури од 13 до 24 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот