X
 19.10.2015 Култура

Темниот кралски пат од "Game of thrones" - неверојатна атракција во Северна Ирска

Секое природно чудо е уникатно на свој начин - истото важи и за темниот пат во Каунти Антрим наречен „Bregagh Road“ во Северна Ирска. Но, што е толку посебно со овој долг, тунел од дрвја? Тоа што е проект создаден од едно семејство.

 

1


Приказната позади патот

Семејството Стујарт ги засадило овие дрвја на двете страни од патот кој води кон нивната куќа позната како Грејсхил во 18-от век. Куќата, која претходно била трансформирана во голф клуб, била изградена на крајот од патот. Со текот на времето, патот беше претворен во еден од најпознатите и најфотографирани природни феномени во Северна Ирска.

Неверојатно е тоа како волјата на едно семејство овој пат го претвори во една од главните атракции на Северна Ирска, место кое го посетуваат илјадници луѓе.

 

2


Величествената патека е искористена од познатата серија „Game of thrones“, а патот во серијата а всушност кралскиот пат. Северна Ирска ова место започна да го промовира како туристичка атракција уште од крајот на 90-тите.

 

3


Испреплетените дрвја изгледаат неверојатно, меѓутоа исто така изгледаат и малку морничаво, особено на зајдисонце и навечер. Всушност, постои легенда која вели дека „Сивата дама“ ги прогонува токму овие темни грмушки. Таа започнала да шета по тенките ленти на кривулестиот пат до прастарите дрвја. Дамата полека поминува низ дрвјата, и исчезнува со последното дрво на патот.

 

4

5


На прв поглед, на патот не привлекува многу внимание ниту популарност, бидејќи е мало патче кое е опкружено со полиња. Меѓутоа кога добро ќе го загледате, ќе сфатите зошто овој мистериозен пат е центарот на внимание на љубопитните туристи, фотографи и сликари со децении наназад. Гранките на дрвјата се протегаат од двете страни и се мешаат една со друга, формирајќи крошни и неверојатна природна катедрала. 

 

6

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура