X
 05.11.2015 Технологија

Инспиративни факти за Илон Маск, човекот решен да го смени светот

Со право го сметаме за еден од најумните луѓе на денешницата. Илон Маск долго време го води патот во напредувањето на пионерски технологии со кои напредува и човештвото. Маск создал мрежа од работни места вредна 13 милијарди долари. Но, и тој некогаш бил дури и исмеван, а има и доживеано многу неуспеси.



Како дете, Маск бил толку малтретиран од соученици што еднаш морал да биде хоспитализиран.

Маск ја направил и продал првата видео игра на 12-годишна возраст.

За време на студирањето, тој живеел на помалку од 1 долар дневно за храна како експеримент за преживување.

Тој се откажал од магистерските студии два дена по почетокот бидејќи решил да работи и да го искористи периодот кога интернетот напредувал. Веднаш ја основал првата компанија, која во 1999 година ја продал за 307 милиони долари.

Таа година, тој ја основал x.com, што подоцна ќе стане „PayPal“.

Маск стои и зад „SpaceX“, компанијата која гради ракети и која има цел да ја намали цената на патување во вселената. На почетокот, оваа компанија не можела да добие инвестиции, но Маск ги инвестирал сите приватни пари за да успее. Неговата цел е преку оваа компанија да му помогне на човештвото да создаде цивилизација надвор од Земјата.

Маск сака да испрати милион луѓе за колонизација на Марс, со тоа што секој би добил 500.000 долари компензација.

Тој претставувал голема инспирација за ликот Тони Старк, односно Железниот човек.

Маск ги намалил трошоците за стигнување до Меѓународната вселенска станица за 90%.

Маск стои и зад компанијата „Tesla motors“, која работи на создавање електрични возила.

Официјалната плата на Маск во „Tesla motors“ изнесува 1 долар.

За време на интервју, Маск еднаш кажал дека човештвото го води „најглупавиот експеримент во историјата“ со користењето на фосилни горива.

Тој работи 100 часа неделно.

Во 2013 година, Маск претстави начин на превоз кој теоретски би пренесувал луѓе од Сан Франциско до Лос Анџелес за половина час.

Една од амбициите на Маск е да ја прекрие планетата со брз интернет преку 4.000 сателити од вселената.

Илон Маск ја основал и фондацијата „Маск“, која има цел да открива чисти енергетски извори во вселената и на Земјата. Фондацијата има и зграда во која секој може да добие искуство на живот на Марс. Маск чита по 5 часа дневно.

Маск му се придружи на Стивен Хокинг во потпишувањето барање за забрана на оружје со вештачка интелигенција.

Илон Маск има 5 деца.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија