X
 16.12.2015 Живот

Временска прогноза: Како ќе се движат температурите до крајот на неделата?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност, ветровито и постудено. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури ќе се опаднат до -6 односно до 0 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 3 односно до 11 степени.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од -2 степени, а максималната дневна до 8 степени.

Во четврток претежно сончево со локална облачност и малку постудено до дневни температури од 1 до 9 степени. Во петок студено утро со утрински температури од -7 до -1 степен, во текот на денот претежно сончево со максимални температури од 3 до 11 степени. Во сабота претежно сончево со локална облачност и пораст на температурите, па дневните ќе се движат во интервал од 5 до 13 степени. Во недела сончево и потопло со максимални температури од 6 до 14 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот