X
 13.01.2015 Живот

Времето во наредните денови: Стабилно, сончево и потопло



Во Македонија по студеното утро во вторник ќе биде сончево и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од -8°C до -1°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 2°C односно до 10°C.

Во Скопје по студеното утро, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -4°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 7°C.

Утре во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб западен и југозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од -8°C до 0°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4°C односно до 11°C.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, која ќе се задржи и претпладне. Попладне со сончеви периоди. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -3°C, а максималната дневна ќе достигне до 8°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот