X
 17.12.2015 Култура

Што велат критичарите за "Star Wars: The Forse Awakens"?

Доколку во некој случај не сте дознале досега, неделава премиерно се прикажува филмот „The Star Wars: The Force Awakens“ насекаде низ светот. Додека фановите бараат карти, критичарите ги објавуваат своите рецензии за филмот. Многу од досега објавените критики се позитивни.


Манола Даргис, „The New York Times: „И покрај возбудата, филмот нема да го спаси светот, ниту Холивуд, но секако балансира фаворити - Харисон Форд - и нови кинетички чуда со некои од убавините кои исчезнаа како што серијалот стануваше феномен, најмногу сензибилитет кој е вроден во човекот.“

Ен Хорнадеј, „The Washington Post: „Абрамс направил ѕвездена работа со најмувањето актери кои ќе бидат непознати за повеќето, но имаат вештини и самодоверба.“

Брајан Труит, „USA Today: „Филмот тежи кон сенките на минатото на серијалот и не се ни срами за тоа.“

Линдзи Бар, „Associated Press: Акцијата навистина не престанува, како и хуморот, кој се изразува најмногу кога се покајува Хан Соло (Харисон Форд). Форд е во свој елемент: прекрасен, енергетичен, смешен и целосно Хан.“

Тод Меккарти, „The Hollywood reporter: Како најдобар Star wars досега - филм, серија, видео игра и што друго не во последните 32 години, овој филм нуди нова енергија и живот во франшизата на начин на кој ги воскреснува старите задоволства и насочува во ветувачки нови насоки.“

Ендрју Охехир, „Salon: „Добро или лошо, филмот е повеќе како друга верзија од првите два филма отколку продолжение. Да, технички приказната продолжува некои 30 години по уништувањето на Галактичката империја. Но тие едвај се преправаат дека ја развиваат приказната од првичната трилогија: тие ја обновуваат и повторуваат, со нови ликови кои ги заменуваат старите, но во многу исти ситуации и скриени врски.“

Дру МекВини, „HitFix: „Филмот е многу добар, би рекол, и би требало да ја забави публиката. Направен со страст и почит од цела генерација режисери и уметници кои биле под влијание на оригиналните филмови, ова е филм кој влијае емотивно, а таа искрено почувствувата љубов е она што прави разлика за гледачите.“

Мет Сингер, „ScreenCrush: „Филмот е најдобар во првите 40 минути, пред да се врати класичниот тим. Иако серијалот отсекогаш бил за минатото, овој филм иронично е најдобар кога гледа кон иднината.“

Мајк Рајан, „Uproxx: „Она што е најбитно тука е тонот. Филмот апсолутно го погодува тонот. Ова е како првиот дел направен по 1983 година.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура