X
 15.01.2021 Култура

Ова се најпопуларните филмови во последните 50 години. Колку од нив сте гледале?

Многумина уживаат да го поминуваат слободното време гледајќи филмови, а со оглед на тоа што досега се снимени илјадници, некогаш не е лесно да изберете што следно да гледате.

Новинарите од „Базфид“ составија листа со најпопуларните филмови во последните 50 години. Вклучени се најпопуларните филмови од секоја година од 1970 до 2018 година, па ако сте прескокнале некој, сега е добро време да го додадете на вашата листа.

Ако сте ги изгледале сите, тогаш можете да се наречете вистински филмоман.

Вака изгледа листата:

„Љубовна приказна“, 1970 година
„Дијамантите се вечни“, 1971 година
„Кум“, 1972 година
„Егзорцист“, 1973 година
„Пеколниот облакодер“, 1974 година
„Ајкула“, 1975 година
„Роки“, 1976 година
„Војна на ѕвездите: Нова надеж“, 1977 година
„Брилијантин“, 1978 година
„Операција вселена“, 1979 година
„Војна на ѕвездите: 5 епизода - Империјата го враќа ударот“, 1980 година
„Индијана Џонс: Крадците на изгубениот ковчег“, 1981 година
„Е.Т.“, 1982 година
„Војна на ѕвездите Епизода 6: Враќање на џедајот“, 1983 година
„Индијана Џонс и проколнатиот храм“, 1984 година
„Враќање во иднината“, 1985 година
„Топ ган“, 1986 година
„Фатална привлечност“, 1987 година
„Дождовен човек“, 1988 година
„Индијана Џонс и последниот крстоносен поход“, 1989 година
„Дух“, 1990 година
„Терминатор 2: Судниот ден“, 1991 година
„Аладин“, 1992 година
„Паркот Јура“, 1993 година
„Кралот лав“, 1994 година
„Умри машки 3“, 1995 година
„Денот на независноста“, 1996 година
„Титаник“, 1997 година
„Армагедон“, 1998 година
„Војна на ѕвездите: 1 епизода - Фантомска закана“, 1999 година
„Невозможна мисија 2“, 2000 година
„Хари Потер и каменот на мудроста“, 2001 година
„Господарот на прстените: Двете кули“, 2002 година
„Господарот на прстените: Враќањето на кралот“, 2003 година
„Шрек 2“, 2004 година
„Хари Потер и огнениот пехар, 2005 година
„Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецот“, 2006 година
„Пиратите од Карибите: На крајот на светот“, 2007 година
„Темниот витез“, 2008 година
„Аватар“, 2009 година
„Приказна за играчките 3“, 2010 година
„Хари Потер и даровите на смртта 2“, 2011 година
„Одмаздници“, 2012 година
„Снежното кралство“, 2013 година
„Трансформери: Доба на изумирање“, 2014 година
„Војна на ѕвездите: Моќта се буди“, 2015 година
„Капетан Америка: Граѓанска војна“, 2016 година
„Војна на ѕвездите: Последниот џедај“, 2017 година
„Одмаздници: Завршница“, 2018 година

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура