X
 15.01.2024 Забава

Оригинално сценарио за „Пријатели“ продадено за 22.000 фунти

Многу обожаватели на серијата „Пријатели“ сигурно ќе бидат воодушевени од информацијата дека случајно бил пронајден нацрт за последните две епизоди од четвртата сезона на серијата.

Оригиналното сценарио за двете епизоди кои се снимени во Велика Британија било пронајдено во отпад во 1998 година од страна на поранешен вработен во студиото „Фаунтен студиос“. Тоа требало да биде уништено за да не се открие крајот на сезоната.

Сега ова сценарио се продаде на аукција за 22.000 фунти.



Вработениот во студиото кој ги пронашол страниците ги чувал покрај својот кревет, но целосно заборавил на нив. Тој повторно ги пронашол кога го чистел својот дом.

Не се знае на кого му припаѓале страниците, но веројатно станува збор за некој од актерите или некој друг вклучен во снимањето.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Facebook
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава