X
 15.01.2024 Живот

Зошто овој понеделник се смета за најдепресивен во годината?

Секој понеделник е тежок, но таканаречениот „депресивен понеделник“ е нешто посебно. Третиот понеделник од јануари се смета за најдепресивен ден во годината, па затоа се нарекува „депресивен понеделник“ (Blue Monday).

Концептот стана популарен благодарение на британската туристичка агенција „Скај травел“, која го искористила денот во обид да продаде повеќе аранжмани во 2005 година. Самиот израз и рекламата биле напишани од психологот Клиф Арнал, кој го прогласил денот за најдепресивен во годината.

Оттогаш многу маркетинг-агенции го користеле овој израз за да ги поттикнат потрошувачите да трошат повеќе на „најтажниот ден во годината“.

Иако многумина веруваат дека ова е најдепресивен ден во годината поради времето, краткиот ден и финансиските проблеми по празниците, нема научен доказ кој би ја потврдил теоријата зад изразот.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот