X
 15.04.2024 Технологија

Откриени најголемите новитети на претстојниот модел на најевтиниот „ајфон“

Иако извесен период се чинеше дека „Епл“ се откажа од развојот на својот најевтин модел на „ајфон“, според последните информации веќе не е прашање дали компанијата ќе претстави нов модел од серијата „СЕ“, туку е само прашање на време кога ќе го претстави. 

Последната генерација на овој уред излезе во продажба пред повеќе од 2 години, а покрај одличниот хардвер и пониската цена од другите телефони на оваа компанија, дизајнот на овој уред ѝ припаѓа на средината на минатата деценија, па јасно е дека се неопходни промени.

Благодарение на најновите информации што се појавија на платформата „Х“, горе-долу се открива сè што подготвува „Епл“, а доколку сите овие информации се точни, четвртата генерација на „СЕ“ модел би можела да привлече повеќе обожаватели на „Епл“ кои бараат подостапни „ајфони“.

Првата и веројатно најважната промена за многумина е поврзана со екранот. Неговата дијагонала сега ќе биде поголема и во согласност со конкурентските модели на пазарот (6,1 инчи), големите рабови околу екранот ќе исчезнат и екранот ќе се протега од раб до раб и повеќе нема да биде ЛЦД, туку ОЛЕД-екран. Иако би било идеално „ајфон СЕ 4“ да има поголема стапка на освежување на екранот, според денешните стандарди таа би требало да биде скромна 60 херци.

Додека промените околу екранот се големи, „Епл“ нема да промени една работа на овој телефон, а тоа е само една камера на задната страна. За повеќето корисници тоа ќе биде доволно, а може да се очекува и висококвалитетна камера, но и многу опции за вештачка интелигенција кои дополнително ќе го подобрат квалитетот на кадрите, ќе овозможат снимање на портрет-фотографии и слично, а се споменува и кинематографски режим од 1.080 пиксели.

Што се однесува до цената, сегашните модели чинат од 429 до 579 долари, а слични цени се очекуваат и за претстојната генерација на овој уред, но не треба да зачуди ако цената се зголеми.

Извор: zimo.dnevnik.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија