X
 15.05.2023 Технологија

„Фејсбук“ по грешка испраќал понуди за пријателство наместо вас

Иако многумина нема да го признаат тоа, но голем дел од корисниците на „Фејсбук“ и другите социјални мрежи често ги прегледуваат профилите на другите корисници и сакаат тоа да остане тајна, односно лицето да не дознае за тоа. Токму тоа им се случило на многумина на „Фејсбук“ изминатата седмица.

Имено, во текот на еден краток период „Фејсбук“ испраќал понуди за пријателство наместо вас на лица на кои само сте им го прегледувале профилот. Проблемот се јавил кај дел од корисниците на социјалните мрежи, а бил забележан и во регионот.

За среќа, проблемот бил решен и корисниците на „Фејсбук“ може повторно во мир да ги прегледуваат профилите на другите корисници без да се плашат дека тие ќе дознаат за тоа.

Од компанијата „Мета“ изјавиле дека до проблемот дошло поради ажурирање на мобилната апликација, но тој набрзо ќе бил решен.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија