X
 15.07.2022 Забава

Хрватски воз патува толку „брзо“, што патниците тврдат: „Ако испратиш мало дете, се враќа како полнолетно“

Видеото од „брзиот“ воз кој сообраќа на релација Осиек - Сплит стана хит на социјалните мрежи откако многумина беа воодушевени од „брзината“ со која се движи.

Видеото објавено на „Фејсбук“ го прикажува возот како пристигнува на железничката станица во Велико Тројство. „Брзината“ на возот ги зачуди корисниците на социјалните мрежи и предизвика серија шеги.

На снимката се слуша како некој вели дека возот доцни повеќе од еден час, а хрватските медиуми пишуваат дека возот на оваа линија никогаш не пристигнал навреме. Првиот ден доцнел дури 83 минути.

- Ако продолжи така, ќе го пробие звучниот ѕид - вели интерен-корисник.

- Испраќаш дете на екскурзија, се враќа како полнолетен - вели друг.



Извор: b92.net
Фото: Screenshot/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава