X
 15.10.2021 Живот

Се бара кандидат што ќе тестира бањи во луксузни хотели

Доколку повеќе би сакале да уживате во хотелски соби наместо да работите во канцеларија, можеби ова е совршената работа за вас. Веб-порталот „Хотелс“ бара лице што ќе тестира бањи во хотелски соби.


Фото: Pixabay

Од успешниот кандидат ќе се бара да помине по две ноќевања во неколку хотели во САД во периодот од 9 до 15 ноември, а во тоа време треба да ги тестира сите бањи во хотелските соби во кои ќе престојува. Главниот фокус ќе биде ставен на кадите во бањите.

Веб-порталот ќе му плати на лицето 5.000 долари, како и ваучер за патување во вредност од 1.000 долари и производи за капење. Пријавувањето за жителите на САД трае до 15 октомври.

Извор: Luxury Launches
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот