X
 15.12.2023 Економија

Ова е најмоќниот пасош во светот

Шпанскиот пасош сега е најмоќен на светот, според последната анализа на веб-страницата „Виза гајд“, која редовно прави листа со најмоќни пасоши во светот.

Жителите на Шпанија може да патуваат без пасош во дури 43 држави, а без виза во 106 држави. Освен тоа, со шпански пасош може да се патува во 30 земји со добивање виза при пристигнувањето, а во 18 земји е потребна само онлајн виза.

Традиционална виза за шпанските жители се бара само во 18 држави од вкупно 199.

Втора земја на листата со најмоќни пасоши е Сингапур, па следуваат Германија, Италија и Франција.

Индексот на најмоќни пасоши се составува со анализа на повеќе фактори, како број на земји каде што може да се патува без виза или пасош, како и вредноста на дестинациите. Индексот се ажурира на почетокот на секој месец.

Извор: Schengen visa info
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија