X
 12.01.2016 Култура

Македонија има уникатен обреден, ритуален пречек на Василица

Мал број на луѓе биле сведоци на уникатниот ритуал во чест на прославувањето на Василица (13 јануари - Стара Нова година) во селото Бегниште, Кавадарци.

 

obicaj

 

Според етнологистите, потеклото на ритуалот датира од пагански времиња. Ритуалот во ова село е зачувано во неговата автентична форма и е уникатен во Македонија, а го носи името „Џоломари“.

 

Во секој друг ден од годината џоломарите можете да ги почувствувате, меѓутоа само за Василица ја имате можноста да ги видите.

Приказната датира од пред неколку векови. Бегајќи од Османлиите, предците на жителите на Бегниште го напуштиле своето село Озот над Стоби и се преселиле во ова село, во тиквешките ридови. Токму од нивното бегство се раѓа и името на селото - Бегниште. Тие со себе ги понеле и обичаите што со векови ги практикувале за Василица - џоломари, џамалари или бабари.

Џоломарите ги црнат лицата и рацете со саѓи, а брадите и мустаките им се одволна. Околу половината врзуваат тешки кожни ремени со клопатарци над 15 килограми. Во групата има и две „невести“ облечени во бело. Невестите се симбол на новата, млада и плодна година. Тука е и „бабата“ која е облечена во црно, со црн превез на лицето и ја симболизира старата година која ја испраќаме. Во ритуалот нема жени, сите маскирани лица се мажи.

Рано натуро веднаш можете да ги забележите џоломарите кои силно вреват, мавтаат со бастуните и викаат. Најстариот џоломар со стап започнува да дава такт, а останатите формираат круг и започнуваат да играат паганско оро без музика, со скокање и тропање на клопотарците. Потоа џоломарите со накитено магаре влегуваат во првите куќи во селото, а домаќините ги даруваат со брашно, месо, ракија. 

 

Begnishte - The Ghosts of the “Dzolomari“ from Explore Macedonia on Vimeo.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура