X
 15.01.2016 Образование

Најмногу дипломци Македонија "произвела" во 2012-та година



Во услови кога имаме премногу приватни и државни универзитети, логично е и на годишно ниво да имаме илјадници луѓе кои добиваат факултетска диплома.

Така, според евиденцијата на Државниот завод за статистика, во Македонија најмногу дипломци имало во 2012 година, кога дипломирале 10.177 лица. Ова е историски најголем број, од 1962 наваму, откако се води евиденција за високообразованиот кадар во земјава. Ако се погледне табелата, се забележува дека над 10.000 дипломци имало единствено во 2008-та година (10.027), додека во другите години бројот е помал од 10.000. Во 2014 година имало 9.650 дипломци, а во 2013 - 9.340.

Во евиденцијата од 1962-ра па наваму, може лесно да се забележи дека уште оттогаш, најголем број од дипломираните се на општествени и на хуманистички науки.

Причините за големиот број на дипломирани граѓани се веќе познати - полесниот пристап до високото образование, за што придонесе намалената школарина на државните универзитети, потоа големиот број на дисперзирани студии, како и големата проодност.

Во минатото, не секој можеше да се запише на факултет и не секој можеше да го заврши. Критериумие за упис беа многу строги, квотата за кофинансирање беше прескапа, проодноста беше многу мала и професорите баараа многу да се знае за да се положи испит.

- Јас се запишав на Правен факултет во 2000-та година. Полагав матура и плус приемен испит кои беа услов за упис. Бев примена во квотата за кофинансирање и требаше да плаќам тогашни 2.000 марки годишно. Во втора година генерацијата речиси се преполови, што значи дека не секој успеваше да оди понатаму, а на крајот, во редовниот рок една четвртина од студентите. Денеска тоа не е случај, сега нема „паѓање" години, не се учи многу како некогаш, се полага главно на тестови и проодноста е многу поголема - вели некогашна студентка на правни студии на УКИМ.
Подготвил: Антонија Поповска Христов / antonija@fakulteti.mk
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование