X
 26.01.2016 Наука

За колку минути ќе биде поместен "часовникот на судниот ден?"

Симболичниот мерач на времето кој означува колку човештвото е блиску до уништување минатата година беше поместен на три минути до полноќ, што е се` поблиску до часот на апокалипсата - најблиску што некогаш сме биле до судниот час, откако часовникот започнал да отчукува во 1947 година.

 

1


Часовникот е универзално признаен показател за нашата ранливост кон катастрофи од нуклеарно оружје, новите технологии и глобалното затоплување, а ние сето ова го игнорираме на наша штета.

Во среда наутро, „Bulletin of the Atomic Scientists“ ќе откријат за колку ќе биде поместен часовникот.

„Тензиите меѓу Америка и Русија ќе останат на ниво кое потсетува на Студената војна, опасноста од климатските промени и нуклеарната загриженост, вклучувајќи го и последниот нуклеарен тест на Северна Кореја, се главните фактори кои влијаат врз одлуката за било какво приспособување на часовникот“, се вели во соопштението на „Bulletin of the Atomic Scientists“,

„Во јануари 2015 година, часовникот беше поместен на три минути понапред, што е најблиску што некогаш сме биле до судниот час, откако часовникот започнал да отчукува во 1947 година.

 

2


Минатата година драматичната промена на часовникот ја поттикна групата, која е составена од членови добитници на Нобелова награда, да напишат отворено писмо до светските лидери во кое ги предупредуваат за преземање на итни мерки за спречување на трагедија од светски размери.

„Во 2016 година, неконтролираните климатски промени, глобалното нуклеарно оружје и непропорционалното нуклеарно оружје претставуваше неоспорна закана за опстанокот на човештвото, а светските лидери не успеаја да дејствуваат на потребно ниво за заштита на граѓаните од потенцијална катастрофа“, пишува во соопштението.

„Овие неуспеси на политичкото раководство го загрозува секој човек на Земјата“.

Неодамнешниот мировен договор меѓу Иран и Америка и напредокот направен на самитот во Париз за климатските промени исто така ќе бидат земени во предвид при пресметување, но тешко е да се каже колку тие се од олеснителен ефект за позитивниот развој.

Што е всушност „Bulletin of the atomic scientists“?

 

2

 

Групата била основана во 1945 година од научниците од Универзитетот во Чикаго кои помогнале да се развијат првите атомски оружја во Менхетен проектот. Тие се нарекоја себеси „Bulletin of Atomic Scientists“ и во 1947 година го создадоа „часовникот на судниот ден“ користејќи слики од апокалипсата (полноќ) и современиот идиом на нуклеарна експлозија (одбројување до нула) за да ги пренесат заканите за човештвото и планетата.

 

 3


Часовникот стана универзално признат индикатор во светот за ранливоста на катастрофите од нуклеарното оружје, климатските промени и новите технологии.

Луѓето насекаде низ светот веруваат дека светот наскоро ќе го доживее својот крај. Епската снежна бура Џонас предизвикува стравови во Америка. Религиозните веб страни уште повеќе ги плашат читателите со своите необични претскажувања и планетарни настани кои моментално влијаат врз светот.

Оние кои веруваат во крајот на светот исто така се плашат дека јуни, јули и август оваа година се очекува Земјата да доживее поларна промена. Но, според НАСА ова е глупост. Агенцијата потврдува дека половите на Земјата се движат меѓутоа не се изложени на ризик од тој феномен. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука