X
 29.02.2016 Технологија

Ова е најпопуларниот, но и најмалку сакан извршен директор во технологијата

Во текот на изминатата година, извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг, бил воздигнат како генијален иноватор и претприемач и позната личност.


Медиумите пишуваат за речиси секој негов јавен потег. Но, ново истражување од компанијата „Morning consult“ открива дека тој не е најсакан извршен директор, иако е најпопуларен.

Анкета од „Glassdoor“ изминатата година, исто така, го прогласи Закерберг за еден од најпопуларните извшни директори.

Она што е интересно во врска со новата анализа е дека Закерберг е најпопуларен извршен директор, но и еден од најмалку саканите на листата. 21% од учесниците во анкетата изјавиле дека имаат негативен став кон него, а речиси 50% одговориле дека имаат позитивен став. Тим Кук од „Apple“ доаѓа на второто место во двете категории.

Дури 31% од испитаниците изјавиле дека немале мислење или не знаеле кој е Марк Закерберг, а 44% го изјавиле истото за Тим Кук.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија