X
 04.03.2016 Живот

Викенд временска прогноза. Какво време да очекуваме на почетокот од идната недела?



Во Македонија во петок ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, но и локална нестабилност со слаби врнежи од дожд. Над 900 метри се очекува провејување на слаб снег. Ќе дува умерен југозападен и југоисточен ветер. Утринските температури од -2 до 6 степени, додека пак максималните дневни тенмператури ќе достигнат до 4 односно до 15 степени.

Во Скопје во петок умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локални врнежи од дожд. Слаб југоисточен ветер, кој попладне ќе преминува во северозападен. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 12 степени.

Во Македонија во сабота по студеното утро во текот на денот претежно сончево со локална облачност и топло. Утринските температури од -4 до 4 степени, а максималните од 8 до 18 степени. Во недела и понеделник се очекува зголемување на облачноста но и на максималните температури кои ќе се движат од 12 до 21 односно од 13 до 21 степен. Нови врнежи од дожд се очекуваат од вторник, за денот на жените. Дневните температури ќе опаднат и ќе се движат од 9 до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот