X
 06.07.2016 Живот

Какво време да очекуваме до крајот на неделата?



Денес е среда, 6 јули 2016 година, 188-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:00, а ќе зајде во 20:14 часот. Денот ќе трае 15 часа и 13 минути.

Во поголем дел од Македонија ова утро имаме претежно сончево и топло време. Во југоисточните и дел од источните предели имаме зголемена облачност каде преовладува умерено облачно време.

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност. Попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни и во вечерните часови ќе услови врнежи од дожд и грмотевици. Во крајните западни предели не е исклучена можноста врнежи од дожд и воопшто да нема, но условите за такво нешто се многу мали. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од 12 до 23 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 24 односно до 35 степени. УВ индексот ќе има вредност 6.

СКОПЈЕ - Во Скопје денес во утринските и претпладневните часови претежно сончево, доцна попладне и навечер со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 19 степени, а максималната дневна до 33. УВ индекс 6.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во четврток стабилизација на времето. Претежно сончево и посвежо со пад на максималните температури кои ќе се движат од 21 до 32 степени. Во петок по свежото утро во текот на денот сончево и потопло. Утринските температури од 8 до 16 степени а максималните дневни од 24 до 35 степени. Во деновите од викендот сончево и потопло со пораст на максималните температури, кои во сабота ќе се движат од 26 до 37 степени, односно од 25 до 36 степени во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот