X
 04.03.2016 Живот

Започнува гласањето за #ФотоНаНеделата - Најпопуларната Инстаграм акција во Македонија


 
оне.Вип го објавува почетокот на гласањето за најдобрите фотографии на #ФотоНаНеделата – најбрзорастечки хаштаг во Македонија на кој веќе една година, љубителите на малите фотографии, пасионираните инстаграмџии секојденвно ги тагираат своите најдобри фотографии на Инстаграм.

Гласањето е овозможено на http://fotonanedelata.mk/, каде што секој може да се пристапи со Инстаграм или Фејсбук профил и да гласа за својот фаворит до 20 март 2016г. На завршната изложба која ќе се одржи на 24 март 2016г., во Concept37, ќе бидат изложени фотографиите на сите 54 победници, а за првпат ќе бидат доделени четири награди и тоа за: најдобра фотографија изгласана од публика, најдобра фотографија избрана од посетителите на настанот, најдобра фотографија избрана од жирито и најдобра фотографија на годината (вкупна награда како збир од сите три горенаведени начини на гласање).

Проектот #ФотоНаНеделата започна кон средината на февруари минатата година и успеа да привлече повеќе од 2.500 инстаграмџии кои на своите профили досега објавија, без малку, 39.000 фотографии со овој хаштаг, а со тоа го направија #ФотоНаНеделата еден од најпопуларните проекти на социјалните медиуми во Македонија.

Основната идеја на овој проект е промоција на Инстаграм заедницата во Македонија која постојано креира вистинска фото уметност. Досега на блогот на ЏаБест направени се 54 интервјуа на инстаграмџии чии фотографии заслужено го добија епитетот #ФотоНаНеделата.

Овој проект не остана незабележан ниту во регионот, па така на регионалниот маркетинг настан “Weekend Media Festival “ во Ровињ, во конкуренција од 128 пријавени кандидати од целиот регион, #ФотоНаНеделата беше награден со SoMo Borac статуетка како финалист во категоријата SoMustHave за најдобра комуникација на Инстаграм и блог. За гласање и повеќе информации заинтересираните можат да пристапат на http://fotonanedelata.mk/

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот