X
 18.04.2016 Наука

Која е најголемата предност на левораките?

Само 10-15% од светското население се левораки, а статистиката покажува дека има двојно повеќе левораки мажи отколку жени.


Мерилин Монро, Алберт Ајнштајн и Чарлс Дарвин се само некои од најславните левораки луѓе, а оваа тројка е позната и по својата висока интелигенција. Едно истражување покажува дека ова можеби не е случајност.

Имено, истражувањето покажува дека меѓу луѓето со коефициент на интелигенција повисок од 140 има повеќе левораки отколку деснораки луѓе. Интелигенцијата на левораките овозможува некои предности над деснораките, а како најголема се смета нивната способност да работат повеќе работи истовремено.

Секако, деснораките се обидуваат да бидат добри во „мултитаскинг“ и некои се успешни во тоа, но левораките имаат предност во извршувањето повеќе задачи одеднаш.

Едно истражување нуди објаснување за овој феномен. Според истото, тајната е во тоа што мозокот на левораките функционира побргу поради што полесно се снаоѓа меѓу мноштвото информации.

Друго истражување, пак, покажува дека левораките се и подобри во играњето видео игри поради способноста за „мултитаскинг“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука