X
 24.04.2016 Култура

Пеце Ацев, ко-основач на Рековинст: Ѕвезда што брзо се раѓа, брзо и гасне

Пеце Ацев е водител и еден од основачите на „Рековинст АБ“. Тој живее и работи во Хрватска веќе 18 месеци, а неделава беше во Скопје за да присуствува на Бизнис кафе, кое се одржа на 31 март. Таму ја претстави апликацијата „Рековинст“, во која сите корисници се натпреваруваат за награди финансирани од огласите на клиентите. Апликацијата прво била пласирана на скандинавскиот пазар, но сега ја имаме и во Македонија.


На прашањето дали му фали Македонија, тој одговори дека му недостасуваат пријатели, луѓе, случки, но не му недостасуваат културата и начинот на живеење. Конкретно, во однос на претприемачите се вложува премногу во Хрватска, се гради огромен регионален центар за стартапи, компании и развивање идеи, вели тој.

Во однос на неговата лична тајна за успех, тој рече дека ја следи својата интуиција. Така било и со одлуката за преселување во Хрватска, така и со создавање на апликацијата и со нејзино пласирање на скандинавскиот пазар. По година и пол работа на тој пазар се инвестира и во Македонија со отворање канцеларија овде.

Што нуди апликацијата?

Моментално достапна за „Андроид и „iOS“ и бесплатна, самото име на апликацијата означува сигурна победа. Тоа име е одбрано бидејќи како тим веруваат дека со користење на апликацијата претријатијата може да дојдат до сигурна победа во пласманот на своите производи но и во рекламирањето на истите, вели Ацев.


Апликацијата функционира со тоа што секој месец нуди нови забавни наградни игри во кои што учествуваат корисниците, кои добиваат нови поени со играњето, но и со поканувањето нови пријатели. На крајот на наградната игра се одбира победникот којшто добива награда во зависност од договорот со клиентот.

Апликацијата има и хуманитарна страна и тие се едни од ретките во Шведска коишто работат на тој принцип. Голем дел од профитот остварен во Шведска е дониран во разни организации за борба против ракот, особено кај децата. Во моментов, се преговара со македонски организации за таква соработка и овде.

- Сакаме да порачаме дека со „Рековинст“ не само што добива клиентот, добиваат и корисниците, а добива и целото општество преку таа хумана страна на нашата апликација.


Меѓу другото, на Бизнис кафето откривме дека Ацев се мотивира со посветување повеќе време на себе за читање, медитирање итн. Неговото животно мото гласи „Ѕвезда што брзо се раѓа, брзо и гасне“.

Споредувајќи ја Хрватска со Македонија, тој рече дека она што најмногу му се допаднало во Хрватска е почитувањето на договорите од страна на луѓето. Така, тој откри дека на почетокот му било тешко да се навикне на точноста. Иако кај нас многумина доцнат, па дури и на состаноци, тоа не се случува таму, открива Ацев. Имено, тој задоцнил 15 минути на важен состанок, поради што бил казнет со 20% од платата во првиот месец. Но, иако тешко, тој верува дека може да се соберат сили за да се промени ова и во Македонија.


Инаку, „Рековинст“, иако е во своите почетоци во Македонија, веќе има 5 вработени и има голем интерес на пазарот. Ацев открива дека апликацијата е правена со истиот квалитет како и онаа на шведскиот пазар, но цените не се исти и се одредени според стандардот. Досега веќе се склучени договори со овдешни компании и се планира ширење на целиот Балкан.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура