X
 02.05.2016 Живот

Неделна временска прогноза: Какво време да очекуваме во првата недела од месец мај?



Во Македонија во понеделник претежно облачно со врнежи од дожд и ветровито поради засилениот југоисточен и источен ветер, кој локално ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Во вечерните часови и во текот на ноќта се очекува интензивирање на врнежите и локално да наврнат и над 35 литри дожд на метар кубен. Утринските температури од 7 до 14 степени, додека пак максималните дневни од 11 до 20 степени.

Во Скопје во понеделник претежно облачно со слаби врнежи од дожд и ветровито. Во вечерните часови и во текот на ноќта поинтензивни врнежи. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 17 степени.

Во Македонија во вторник облачно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен северозападен и североисточен ветер што ќе услови пад на дневните температури кои ќе достигнат до 9 односно до 17 степени. Во среда умерено облачно со локални врнежи од дожд и потопло со температури од 12 до 20 степени. Во четврток и петок умерено облачно со сончеви периоди и потопло со пораст на дневните температури. Во петок во попладневните часови со услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури во четврток од 14 до 22 степени, а во петок од 17 до 25 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот