X
 13.05.2016 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време да очекуваме наредната недела?

Во Македонија во утринските часови услови за појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево, потопло и ветровито, а во западните и североисточните предели ќе има појава на локална облачност. Во утринските и претпладневните часови услови за локални врнежи од дожд ќе има во крајните североисточни предели.Ќе дува доумерен засилен јужен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 45 км/ч. Утринските температури од 7 до 15 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 16 односно до 28 степени.



Во Скопје во утринските часови појава на слаба магла. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне претежно сончево со локална облачност, топло и ветровито. Ќе дува доумерен јужен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна до 25 степени.

Во Македонија во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне во северозападните, како и во североисточните, источните и југоисточните предели нестабилно со врнежи од дожд. Максималните температури од 17 до 27 степени. Во недела и понеделник претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за локални врнежи од дожд. Дневните температури од 17 до 27 степени во недела односно од 14 до 24 степени во понеделник. Во вторник умерено облачно со сончеви периоди, попладне во западните предели нестабилно со врнежи од дожд и посвежо со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 12 до 21 степен.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот