X
 05.09.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Прогноза за наредните 5 (пет) дена

Во Македонија во сабота тропски ден, сончево и многу топло. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер, а во западните и источните предели засилен југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од 10 до 20 степени, а максималните од 28 до 39 степени. Ув индекс 7.

СКОПЈЕ - Во Скопје во сабота сончево и многу топло. Ќе дува доумерен југоисточен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени. УВ индекс 7.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во недела претпладне услови за слаб дожд ќе има во западните и североисточните предели. Дневните температури од 24 до 35 степени.

Во понеделник претежно сончево и постудено со максимални температури до 17 односно до 28 степени. Во вторник и среда ќе преобладува умерено облачно и свежо време, а максималните температури ќе се движат од 16 до 27 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот