X
 03.06.2016 Технологија

Работи кои треба да ги избришите за да ја заштитите приватноста на Фејсбук

Најновата најава на Фејсбук остави многу луѓе збунети и загрижени за нивната приватност - ако и вие сте едни од нив, еве што треба да направите.

 

фб


Фејсбук оваа недела ќе започне со објавување на реклами на секоја личност што користи страни на други странки кои се потпишале за своја рекламна шема. Со 1.49 милијарди корисници, Фејсбук има огромна моќ, што ги прави вестите уште позагрижувачки. Она што предизвика уште поголеми вознемирувања е фактот дека ве таргетира без оглед дали имате профил или немате.

Како што Фејсбук ја користи вашата информации и како вие делувате и се однесувате - без разлика на тоа дали се логирате на страната или не, ќе биде потребно да ги ревидирате информациите кои ги споделувате со луѓето.

1. Вашиот телефонски број

Не го ставајте вашиот телефонски број на вашата Фејсбук страна, дури и тогаш кога ве прашува да го ставите.

2. Роденден


Вашиот роденден е дел од измамата на која ѝ е потребен пристап до вашите лични податоци и сметка на банката. Не го објавувате на Фејсбук или ризикувате да изгубите пари откако измамниците ќе го добијат вашето име и адреса.

3. Имајте пријатели само кои ги познавате

Робин Дунбар, професор по психологија на Оксфорд, вели дека луѓето можат да одржат околу 150 стабилни односи наеднаш. Тој направил анализа на 3.375 корисници на Фејсбук и открил дека од нивните Фејсбук пријатели, 4.1 изгледале сигурни, а 13.6 покажале сочувство за време на „емоционална криза“.

4. Статусот на вашата врска


Ниту една врска не е реална, се' додека не е потврдена на Фејсбук, меѓутоа денес е подобро ова да си го држите за себе. Луѓето веќе почувствувале како рекламите наеднаш им промовираат венчаници и места за свадби веднаш штом објават дека се свршиле.

5. Детали за кредитни картички


Не е ни потребно да објаснуваме зошто ова никогаш, ама баш никогаш не е добра идеја.

6. Вашиот шеф за пријател

И ова треба да биде очигледно. Не е баш паметна идеја вашиот шеф да ги гледа вашите лудо поминати ноќи и фотографии кои ве прикажуваат во доста несериозно светло.

7. Престанете да се чекирате

Кога и да се чекирате некаде, вие давате доста информации. Најпрво, дека не сте дома, а потоа каде живеете, што правите итн...

8. Кога и каде одите на одмор

Кога сме веќе кај локацијата, немојте да се тагнувате себеси кога сте на одмор се' додека не стигнете дома. Со тоа давате информации за тоа колку долго ќе ве нема.

9. Фотографии од вашите деца или младо семејство

Постојат многу причини за ова, но најочигледните се; а) не се дозволени и б) вашите фотографии можат да ги гледаат пријатели на вашите пријатели. Размислете за тоа кој се' има пристап до вашите фотографии.

10. Каде вашите деца одат на училиште

Со тоа покажувате што вашите деца прават, каде се и кога. Одржувајте ја нивната приватност.

11. Сервиси за локација

Сите корисници на Аndroid и iPhone, треба да ја исклучат нивната локација. Повеќето од нас влегуваат на Фејсбук преку телефонот, што значи дека скоро сите знаат за вашата локација. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија