X
 04.06.2016 Култура

Прогласени се најдобрите земји - Каде е Македонија на листата?

Според последниот Индекс на добри земји, на врвот се наоѓа скандинавска земја. Во анализата учествувале 163 земји. Најдобра земја во светот е Шведска. Анализата била направена врз основа на 35 индикатори од извори меѓу кои и Обединетите нации и Светската банка.


Шведска се наоѓа на врвот според позитивниот животен стил. Исланд се наоѓа на врвот на листата за придонесот на планетата и зачувување на климата, како минималното производство на штетен материјал и ниско испуштање на јаглерод диоксид. Велика Британија е на врвот кога станува збор за науката и технологијата.

Индексот покажува дека Шведска, соодветно на нејзината економија, прави повеќе добро отколку штета од било која друга земја. Оваа година, на листата биле додадени 38 земји. Либија е на дното.

Каде се наоѓа Македонија?

Земајќи ги сите фактори, Македонија се наоѓа на 60-тото место на листата.

Во посебните категории, најдолу на листата се наоѓаме во поглед на меѓународниот мир и безбедноста (125 место) здравјето (119 место).

На 93 место сме кога станува збор за просперитетот и еднаквоста, 62 за планетата и климата, а 59 за светскиот ред.

Во поглед на културата се наоѓаме на 57 место, а во науката и технологијата на 27.

Целосните резултати пронајдете ги ОВДЕ.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура