X
 06.08.2016 Култура

Големиот Сандовал ве кани на одличен концерт на Античкиот театар во Охрид



Здраво на сите во Македонија. Многу сум среќен што ќе дојдам во сабота, да отсвирам концерт за вас. Ве поканувам сите да дојдете во Охрид и да се забавувате со нашата музика. Ви благодарам многу, се гледаме во сабота вечер. Чао.

Големиот Артуро Сановал, кубанскиот виртуоз на труба, човекот кој работеше под менторство и беше долгогодишен пријател и колега на џез-легендата Дизи Гилеспи вечерва, во 20.30 часот ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Тој настапува на фестивалот Охридско лето. Сандовал преку видео порака ја повика македонската публика да го проследи неговиот концерт, бидејќи ветува одлична забава:

- Здраво на сите во Македонија. Многу сум среќен што ќе дојдам во сабота, да отсвирам концерт за вас. Ве поканувам сите да дојдете во Охрид и да се забавувате со нашата музика. Ви благодарам многу, се гледаме во сабота вечер. Чао.

Билетите се продаваат по цени од 600 и од 1.000 денари. Сандовал ќе настапи заедно со својот бенд: Џон Белзагај – бас, Тики Пасиљас – перкусии, Дејв Сигел – клавијатури, Џони Фрајдеј – удиралки и Кемуел Роиг – пијано.

Институт за помош на сиромашните студенти

Животот на Артуро Сандовал е екранизиран во телевизискиот филм од 2000 година For Love or Country: The Arturo Sandoval story, во режија на Џозеф Сарџент. Улогата на Сандовал ја толкуваше маестралниот Енди Гарсија. Големиот музичар вели дека е многу горд на филмот.



- Беа подготвени да ја раскажат вистинската приказна за тоа низ што поминав јас, низ низ што поминале (и се уште минуваат) многумина кои живеат во Куба. Сепак, вистинското наследство што ќе го оставам зад себе е институтот „Артуро Сандовал“ (АСИ) - 100 отсто непрофитна организација која обезбедува инструменти, мастер часови, музичко образование и многу повеќе, за сиромашните и непривилегирани студенти од целата земја. Сакам да бидам дел од нешто што ќе им обезбеди на нашите деца и внуци да имаат музика во нивните животи и покрај фактот што училиштата ги кастрат нивните музички програми - вели големиот филантроп.

Артуро Сандовал е роден во 1949 година во Артемиса, Куба. Вели дека било многу тешко додека живеел во Куба, бидејќи режимот не дозволувал да се слуша џез, оценувајќи ја како „музика на непријателот“. - Јас толку сакав да слушам џез и да учам од големите мајстори, што ме уапсија бидејќи слушав „Гласот на Америка“. Засекогаш сум му благодарен на Дизи Гилепси кој ми помогна да побегнам од диктатурата и ми овозможи да ги отворам очите за слободата, и лично и професионално. Посакувам еден ден Куба да се ослободи од диктатурата и луѓето конечно да можат да уживаат во слободата, која е еден од најголемите дарови во животот - вели Сандовал.

Не се враќам во Куба додека живее комунизмот

Иако на Куба го ко-основал значајниот афро-кубански бенд „Иракере“ и уживал статус на државен уметник, Сандовал во почетокот на 90-тите години со помош на својот ментор и пријател Дизи Гилеспи, добил политички азил во САД. Тогаш почнала неговата голема интернационална солистичка кариера и го стекнал статусот на еден од најценетите џез трубачи на светот.



- Средбата со Дизи ми го смени животот исто како и музиката. Тој ми овозможи најголема слобода, како и повеќе лични и професионални можности кои некогаш сум можел да ги посакам. Бев многу среќен што го сретнав, а потоа и што свирев и заминав на турнеја со Дизи. Навистина е величенствено да го сретнете својот идол, а потоа и да остварите релација и да се поврзете со него. Тој беше мој ментор, мој пријател, мој учител и се уште е моја инспирација секој ден - вели Сандовал.

Тој пред три години го доби претседателскиот „Медал на слободата“ од Барак Обама. Вели дека тоа е едно од најголемите признанија некогаш ги добил во животот. - Голема чест е се биде во друштво со тројца големи џез музичари: Дјук Елигтон, Ела Фицџералд, Каунт Бејзи… Многу сум многу благодарен што живеам во САД, тоа е прекрасен подарок. За жал, нема да се враќам на Куба се додека е диктатурата на сила, комунизмот е се уште жив и сиромашните луѓе на островот продолжуваат неизмерно да страдаат. Треба да се воспостави почитување на човековите права, демократија. Мора да им дозволат на сите да зборуваат слободно за своите ставови и да дозволат слобода од секаков вид - вели Сандовал.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура