X
 01.09.2016 Живот

Какво време да очекуваме во првата недела од месец септември?

Денес е четврток, 1 септември 2016 година, 245-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:54, а ќе зајде во 19:01 часот. Денот ќе трае 13 часа и 15 минути. Денес е првиот ден од климатолошката есен, до почетокот на календарската есен ни остануваат уште 21 ден.

Во утринските часови во Македонија имаме претежно сончево време. Појава на локална облачност има во централните, крајните југозападни и во делови од источна Македонија.

МАКЕДОНИЈА - Во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Попладне зголемување на облачноста и развој на нестабилност која ќе услови нестабилно време со врнежи од дожд и грмотевици. Локално можна е појава на невреме, особено во западните, источните и североисточните предели каде може да наврнат и до 15 литри дожд. Додека пак во централните и северните предели се очекуваат сосема слаби врнежи. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните од 23 до 33 степени.

СКОПЈЕ - Во Скопје во утринските и претпладневните часови ќе биде претежно сончево, попладне зголемување на облачноста која во доцните попладневни часови ќе услови слаби врнежи од дожд и грмотевици. Утринската температура од 17 степени, а максималната до 31 степен.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА
– По преодната дестабилизација, од петок се очекува стабилизација на времето. Во петок претежно сончево со локална облачност и температури кои ќе се движат од 22 до 32 степени. Во деновите од викендот однос во сабота и недела, не очекуваат посвежи утра со пониски температури кои ќе се движат од 9 до 18 степени. Во текот на денот сончево и топло со максимални температури од 23 до 33 степени. Стабилно време не очекува и во понеделник. Претежно сончево и топло, попладне зголемување на облачност. Температурите ќе се движат од 24 до 34 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот