X
 04.09.2016 Економија

Најбрзо растечки индустрии во 2016

Паметните инвеститори и потрошувачите сакаат да знаат што се случува во светот на индустријата, за да можат да донесат информирани одлуки. Доколку сте еден од нив, ова истражување ќе ви биде од помош за да утврдите кои се топ 10-те растечки индустрии за 2016 година.

Овие индустрии имаат најголем потенцијал да постигнат прогресивен успех оваа година и во блиска иднина, а со тоа претпоставуваат големи можности за инвестиции. Во меѓувреме корисниците можат да очекуваат интересни инвестиции во овие области.

10-те најбрзо растечки индустрии


1. Енергија со ветер
Огромни чекори се направени во последните 20 години во областа на снабдување со електрична енергија од ветерници. Напредокот се роди од неопходноста, како растечка глобална загриженост за глобалното затоплување и еколошката штета предизвикана од загадувањето, што бараше повик за почиста, одржлива енергија. 

Ветерната енергија е чиста, а производството е евтино. Помеѓу 2014 и 2015 година, снабдувањето од ветерници достигна
22 проценти годишен раст на пазарот, а проекциите за оваа година се уште поголеми. 


2. Соларна енергија

Слично како енергијата од ветер, соларната енергија бележи зголемување на ефикасноста и намалување на целите во последните години, што ја прави индустријата на производство на соларна енергија вредна 3 милијарди долари. Нови закони и прописи што го прават прифатливо за бизнисите и сопствениците на домови да се насочат кон соларна енергија се одговорни за растот на соларната енергија во последните 5 години, а 2016 година не се разликува.

Само една третина од соларната енергија е достапна во САД, а во моментот се раширува на запад, оваа област е географски чувствителна за производство на соларна енергија и ја подобри стимулацијата на Владата во Калифорнија со која се индицира дека ќе биде брзо растечки пазар.

3. 3Д печатење
Новиот милениум донесе нови технологии, но ниедна нема поголем потенцијал за да влијае во целиот свет како 3Д печатењето. Доколку не сте запознаени со концептот, 3Д печатарите се полни со додатоци кои можат да се користат за да креираат 3 димензионални предмети. Тоа може да биде било кој предмет од дијамантски прстен, салата, а веќе има огромно влијание на произведителите во светот. Всушност 71 проценти од производителите во Америка веќе користат 3Д печатење. Во иднина медицинската наука се очекува да има голема корист од 3Д печатењето, како што експериментирањето со печатење на живи ткива веќе започна.

4. Легална марихуана

Продажбата на легална марихуана порасна експоненцијално од 2012 година кога Колорадо го легалиизраше лекот и создаде прва во светот регулиран пазар за рекреативна употреба на марихуаната. Во прилог на продажбата на суровини, исто така се продава како концентрати, прехранбени, па дури и козметички производи со цел да се прошири пазарот.

Продажбата на марихуана се очекува да надмине 20 милијарди долари меѓу оваа и 2020 гдоина, ако пазарот продолжи да се движи по овој тек.

5. Видео Игри

Со текот на годините, прогармерите за видео игри го проширија својот апетит да достигнат нови пазари, вклучувајќи и возрасни и жени. За овој напор е вложено многу пати, како што видео игрите доминираат здрав раст година по година. Довербата кај потрошувачите продолжува да се подобрува, и постои возбуда за новата технологија на виртуелна реалност.

Додека виртелната реалност ќе има влијание врз индустријата на игри, исто така има потенцијал и за другите пазари. Останува да се види дали другите индустрии ќе ја присвојат технологијата за виртуелна реалност за свои цели, како што е за обука на медицинските професионалци.

6. Вештачка интелегенција
Поради тоа што се стигна далеку вештачката интелегенција има долг пат за одење. Со надеж дека таа ќе биде способна да ги реши најгорчливите проблеми на човештвото, милијарди долари се инвестираат во истражување за вештачка интелегенција секоја година.

Главните играчи се ИТ компании како “Google“ и “Apple“, кои веќе се лидери во областа. Експертите очекуваат дека глобалната побарувачка на “паметни“ машини ќе расте за 20 проценти секоја година, се до 2020 година.

најбрзо растечки индустрии


7. Оддржливи градежни материјали

Во пресрет на меѓународната рецесија многу земји вклучувајќи ги САД создаваат иницијатива за зајакнување на градежната дејност. Постојат голем број на пост индустриски веб страни во развиениот свет што мора да биде објавен, и слично како повикот за решенија за обновливи извори на енергија, властите и потрошувачите имаат повик за креирање на еколошки градежни материјали.

Во моментот зелената конструкција е речиси 36 милиони долари вредна, а се очекува да расте 10 проценти до 2020 година. Оваа индустрија зависи најмногу од побаруваката на потрошувачите, а може да има поголема перспектива со зголемувањето на владините регулативи и успешниот маркетинг.

8. Откривање на сајбер измами

Трендот на деловно работење и чување на чувствителни информации на компјутерите ќе порасне, а со тоа и побарувачката за заштита од сајбер криминалци. Бизнисите и индивидуалците ќе бараат заштита од сајбер нападите во блиска иднина, но во следните 5 години, оваа индустрија се очекува да порасти до над 12 проценти годишно. 

9. Беспилотни летала

Технологијата на беспилотни летала е нова, но потенцијалот за примена во разни индустрии вклучувајќи земјоделство, војска, испорака на парцели, веќе го привлече вниманието на инвеститорите. Ова креира одлична можност на пазарот за проширување на истражувањето и развој на беспилотни летала, што ги прави оддржливи со секоја интеракција. Со проектираниот годишен раст на речиси 17 проценти до 2022 година, многу малку е веројатно да се задуши растот на оваа индустрија.

10. Побарувачка на Силициум 

Во врска со побарувачката на соларни панели, силициумот исто така полека но сигурно е растечки пазар во последните децении. Во прилог на соларните панели исто така се бара да се направи електроника и градежни материјали, кои може да се најдат на оваа листа. Токму затоа експерите очекуваат побарувачката на силициум да се зголеми во годините што следат.


Овие индустрии покажуваат огромен потенцијал во 2016 година укажувајќи на иднината на еколошка совест и уште поголем фокус на електрониката и вештачката интелегенција. 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија