X
 05.09.2016

Како учењето на странски јазици влијае врз нашиот мозок?

јазик

 

Научниците од високата школа за економија заедно со своите колеги од Универзитетот во Хелсинки открија дека учењето странски јазици ја подобрува еластичноста на мозокот и неговата способност да кодира информации.


Колку повеќе странски јазици учиме, толку поефикасно реагира нашиот мозок и ги обработува податоците акумулирани во текот на учењето. Статија од Јуриј Штиров, Лили Кимпа и Теија Кујала, ги сумирале нивните наоди и неодамна ги објавиле.

Според истражувањето, неврофизиолошката механика на јазикот и стекнувањето на говорот не се доволно истражени во споредба со другите функции на мозокот. Причината за тоа е неможноста да се проучува вербалната функција на животните користени како тест.

Истражувачите направиле експерименти каде електричната активност на мозокот се мери со ЕЕГ (електроенцефалографија). 22 студенти (10 машки и 12 женски) учествувале во истражувањето, со просечна возраст од 24 години. На учесниците им биле поставени електроди на нивните глави, а потоа ги слушале снимките од различни зборови на нивниот мајчин јазик, како и на странски јазици и познати и непознати за нив. Кога познатите или непознатите зборови се појавувале пред нив, се следеле промените во активноста на мозокот. Истражувачите особено се фокусирале на брзината со која мозокот ги коригирал своите активности за да ги третира непознатите зборови.

После тоа, неврофизиолошките податоци биле споредени со лингвистичката позадина на кандидатите: колку јазици кандидатите зборувале, на која возраст започнале да ги учат и слично. Очигледно, способноста на мозокот брзо да ги обработува информациите зависи од „лингвистичката анамнеза“ на една личност.

Експериментот покажала дека електричната активност на мозокот на учесниците кои веќе знаеле неколку јазици била значително повисока. Авторот на истражувањето, Јуриј Штиров вели дека колку повеќе јазици совладуваме, толку е побрзо формирањето на невронската мрежа која ги кодира информациите на новите зборови.

Научниците веруваат дека разбирањето како функционира мозокот во стекнувањето на јазикот, е од клучно значење за дијагностицирање на отежнат говор после несреќи, мозочни удари и слични состојби, како и пронаоѓање начин да се третира. Покрај тоа, кога ќе се постигне подобар увид во принципите на создавање и зајакнување на невронските мрежи, тогаш ќе можеме да ги искористиме овие механизми, да ги забрзаме и да го подобриме процесот на учење.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk