X
 09.09.2016 Технологија

Зошто програмата за практиканти на "Google" е најпопуларна во светот?

Повеќето американски технолошки компании овие денови завршуваат со нивните практикантски програми. Во текот на овие програми студентите ги стекнуваат своите први работни искуства. Една од најпопуларните студентски пракси која секоја година привлекува многу внимание е онаа која ја организира „Google“.

 

1


„Google“ кој сега функционира под капата на компанијата „Alphabet“ постави нови стандарди за спроведување на практикантската програма во Силициумската долина. Секоја година на праксата учествуваат над 1.500 луѓе во целиот свет. Идните инженери, според податоците објавени од „Glassdoor“, на пракса добиваат месечна плата од 6.000 до 7.000 долари месечно, додека стручната пракса во неинженерските сектори како што се продажба и маркетинг се нешто послабо платени.

Best summer ever! #googleinterns #google #mountainview #california #shades #summer

A photo posted by Anantha Natarajan S (@sananth12) on

 

Иако во Силициумската долина можете да пронајдете подобро платена пракса (на пример „Facebook“ на практикантите им плаќа 8.400 долари месечно и им обезбедува бесплатно сместување), „Google“ поради својата шарена и отворена корпоративна култура и внимателно разработена програма за практикантска работа, се'уште има статус на најатрактивна компанија за стекнување на одлично прво работно искуство.

not an arcade, a Google office 👔

A photo posted by Josiah Tullis (@josiahtullis) on

 

Во текот на праксата сите студенти имаат бесплатно сместување на кампусот и бесплатна храна и пијалак во кантините, кафетериите и имаат просторија за игра.


 

На кампусот се наоѓаат базени, сали за фитнес, па дури и градина каде може да се одгледуваат сопствени растенија. За превоз на кампусот практикантите на располагање имаат автобуси или може да ги користат велосипедите на „Google“.


With Larry Page at TGIF \m/ #googleinterns #2015googleinterns #google #mtv #internship

A photo posted by Anantha Natarajan S (@sananth12) on

 

Компанијата редовно организира предавања и дружења со менаџери и директори во „Alphabet“, на кои се зборува за целите и новите производи на компанијата, каде се појавуваат и основачите Сергеј Брин и Лери Пејџ.


Студентите на пракса се охрабруваат да учествуваат во спортските активности организирани од компанијата, како на пример во нов вид на фудбал, каде играчите треба да носат огромни балони.

 

2


Секој практикант добива свој ментор кој е вработен во компанијата и кој ќе го воведе во проектот на кој ќе биде ангажиран во текот на праксата. Постариот софтверски инженер Ден Ферара сака да работи со практикантите. Како што објаснува тој, пред пет години и самиот бил на студентска пракса, а менторот кој бил задолжен за него имал огромно влијание врз развојот на неговата кариера. Летото го поминал работејќи на развој на надградба на алатката „Forms“.

„Практикантите кои доаѓаат на пракса воглавно немаат големо искуство. Меѓутоа ние доста ги цениме нивните мислења и кон нив се однесуваме како кон постојани вработени во компанијата“, вели тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија