X
 21.09.2016 Живот

Најсимпатичниот измамник на сите времиња


На прашање од легендарниот Гручо Маркс зошто не е во затвор, Демара смирено одговорил: „Никогаш не ме осудија.“


Фердинанд Валдо Демара бил најуспешниот измамник на сите времиња. Роден е во 1921 година во малото место Лоренс, во американската сојузна држава Масачусетс. Првата измама ја извел на рана возраст, кога немал доволно пари да купи чоколадо во локалната слаткарница, па успеал да ги измами продавачите и да добие бесплатно чоколадо за целиот клас.

Возбудата што ја почувствувал  од успешно изведената измама означила пат од кој нема враќање.
Набрзо се приклучил во манастир  преправајќи се дека е монах. Воедно таквата измама ја извел  уште неколку пати во текот на кариерата. Во една прилика дури и помогнал во основање на едно верско училиште.

Под лажно име и без диплома, предавал психологија на Универзитетот во Пенсилванија. Исто така, под лажен идентитет, студирал и право. Но сепак, негова најпозната измама  е онаа што ја извел за време на Корејската војна на еден канадски  воен брод.

Го украл идентитетот на д-р Џозеф Сир (Joseph Cyr) и станал хирург на канадскиот воен брод HMCS Cayuga. Единствено што знаел од медицината било она што го научил од текстот на друг лекар на бродот кој го натерал да напише правила за постапување  во случај кога на бродот би бил само еден лекар.

Во една пригода извел операција врз 19 корејски војници кои биле изрешетени со куршуми и шрапнели.  Заради успешната кариера на бродот, се рашириле  гласини за „докторот Сир“ кои стигнале и до вистинскиот хирург. Но, и откако била откриена измамата, канадската морнарица не покренала постапка против Демара.

И така тој продолжил со својата кариера на измамник. Со текот на времето станал и чувар во затвор во Тексас. Откриен е откако на извесен затвореник му покажал  новинарски напис за себе.

На крајот Демара повторно се навратил на глумењето монах, но во меѓувреме веќе бил многу познат за таа измама да му потрае подолго.  И покрај сè, му дозволиле да остане во манастирот каде што и починал во 1982 година.

Погледнете го видеото од разговорот на Демара со Гручо Маркс:



Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот