X
 26.09.2016 Култура

Се верува дека во овој град е скриен Светиот грал


Заради пријатната клима, овој град е погоден за посети во секое годишно доба. Просечната температура во зима достига до 11, а во текот на летото се искачува до 25 Целзиусови степени.

Валенсија

Штом се спомене Шпанија, прво што ви паѓа на памет се Барселона и Мадрид. Но, оваа држава која се протега на Иберискиот Полуостров има и многу други интересни градови и населби што треба да се посетат. Еден од нив е и Валенсија, третиот по големина град во Шпанија, со нешто повеќе од 800.000 жители, а заедно со околните населби бројката се качува над милион. Валенсија е конектирана и со low-cost авиокомпании во нашиот регион, па доколку се одлучите да ја посетите, треба да знаете барем неколку интересни работи за неа.

1.    Paella, познато и популарно шпанско јадење, настанало токму во Валенсија, а според традицијата се приготвува од ориз, пилешко и зајачко месо, грав, полжави и артичоки. Секако, постојат и 200 други комбинации кои вклучуваат и морски плодови.

Кујната во Валенсија

2.    Валенсија за првпат се споменува два века пред Исус како римска колонија. Името доаѓа од латинскиот збор „valentia“ што значи храброст.

3.    Златен период за овој град бил 15 век, кога Валенсија била престолнина на Арагонското Кралство.

Дворец во Валенсија

4.    Се разбира дека фудбалот е најпопуларниот спорт во овој град, а фудбалскиот клуб Валенсија неколкупати бил државен шампион. Но, интересен е и фактот дека овде се игра и американски фудбал, па во градот потојат и два клуба кои играат во првата шпанска лига.

5.    Се разбира дека никој со сигурност не може да знае каде се крие Светиот Грал, но некои се убедени дека истиот се наоѓа во градската катедрала. Затоа, доколку одите да го погледнете, нема гаранција дека токму од него Исус пиел вино на последната, тајна  вечера, ниту пак дека треба и да се исклучи таа можност.

Валенсија

6.    Валенсија не е само туристички центар, туку исто така и сериозен научен и истражувачки центар.

7.    Тука задолжително треба да го пробате и локалниот пијалок кој се вика Horchata. Станува збор за пијалок  од тигрови ореви, кој особено се користи во летниот период.

8.    Во градот постојат два службени јазици: шпански и валенсиски. Сепак доминира шпанскиот, но многу луѓе, особено во околината, говорат валенсиски јазик.

9.    Градот е и важен приморски центар  и второ по големина пристаниште во западниот дел од Медитеранот.

10.    Заради благопријатната клима, градот може да се посетува во текот на целиот годишен период.  Тука просечната температура во зима изнесува 11, а во лето 25 Целзиусови  степени.

Градска архитектура во Валенсија
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура