X
 12.10.2016 Економија

ЕУ со нови правила за имиграција на високо квалификувана работна сила

Новата регулатива на ЕУ треба да ја олесни интеграцијата на квалификувана работна сила од таканаречените трети земји.

Во рамките на акциониот план на ЕУ од Јуни, иако јавноста не го забележа тоа, поради бегалската криза, која е во преден план, постои предлог да се воведат правила за "сини карти" за високо квалификуваната работна сила за имиграција од странство, тврди виенскиот весник  “Die Prese“.

Оваа регулатива ќе има далекусежни последици, како што би се вовеле правила за ширење во рамките на ЕУ за останување на професионалната работна сила. Последицата на тоа би била дека во некои земји од ЕУ, би биле заменети досега применливите и важечки законски мерки.


EУ


За Австрија, тоа би значело крај на "црвено-бело-црвените" картички, пишува “Die Prese”. Националните "црвено-бело-црвени" картички беа воведена пред се на барање на социјалните партнери, организациите на работодавци и на вработените, кои се изјасниле за регулирање на миграцијата на работната сила, која била потребна на пазарот на трудот.

Се работи за тоа дека на основниот систем со поени, Австрија може од третите земји да избира работна сила што недостасува.

Во Австрија имиграцијата врз основа на оваа карта е многу мала, според статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи минатата година само, 1.640 граѓани од земји надвор од Унијата добиле "црвено-бело-црвени" картички. Поголемиот дел беа од Босна и Херцеговина (350), потоа следувала Србија (171).

Новиот предлог за решението за имиграција на ниво на ЕУ цели на идните сопственици на "сини карти" да им го олесни, забрза и да им овозможи пофлексибилно, да влезат на пазарот на труд, како и да им го олесни повторното обединување со семејствата.

Исто така треба да се поедностави промената на работните места во рамките на ЕУ. Од Стопанската комора на Австрија, предлог-измените за регулативата на ЕУ во основа е позитивно оценета.

Регулативата на ЕУ им остава на земјите-членки можност да одлучат колку имигранти од трети земји сакаат да примат. Дискусијата за "сини карти", беше проследена со дискусијата за бегалската криза и дистрибуција на бегалците, кои се во контрадикција со многу земји, а во австриската влада не постои волја во врска со прашањето за спроведување на планот на ЕУ за олеснување на имиграцијата.

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија