X
 13.10.2016 Технологија

Можност за добивка на iPhone 6s со секоја платена сметка онлајн во Вип



Вип објавува игра со која ги поттикнува корисниците да ги плаќаат своите сметки онлајн и со тоа да имаат можност да добијат вредни награди каде секој од нив е потенцијален добитник на престижниот iPhone6 S 16GB.

Во оваа игра, автоматски и без никаков влог, земаат учество сите приватни и деловни постпејд корисници, со активен претплатнички договор на оне.Вип кои ќе ја платат својата сметка онлајн во предвидените циклуси.

Со секое плаќање на сметката онлајн, корисниците добиваат можност да станат еден од 10те среќни добитници на iPhone 6s 16GB кој ќе биде доделен во наградното извлекување еднаш месечно во три круга. Вкупно се доделуваат 30 телефони а корисниците кои ја активирале услугата Електронска сметка, со што се откажале од својата хартиена сметка и кои ќе ја платат својата сметка онлајн имаат двојна шанса за добивка.

Корисниците може да ги платат своите сметки онлајн преку: “Плати сметка” на www.vip.mk, преку веб услугата “Мојот Vip” и преку мобилната апликација “Мојот Vip”.
Добитниците на наградите ќе бидат прогласени по трите извлекувања што ќе се одржат на 10 ноември, декември и јануари.

По завршувањето на извлекувањето, добитниците на наградите, најдоцна во рок од три дена од извлекувањето јавно ќе бидат објавени на официјалната Фејсбук-страница на оне.Вип и на www.vip.mk
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија