X
 20.10.2016 Образование

Универзитетска професорка од Сплит фрлила 2.000 евра мито преку прозорец

Професорка по математика на прва година на Факултетот за електротехника, машинство и бродарство во Сплит, фрлила мито од 2.000 евра преку прозорец, пишува Jutranji list.

Како што било наведено, професорката од студентите (21 годишен) и неговиот брат (25 годишен) примила папка со 2.000 евра, која веднаш ја исфрлила преку прозорецот и веднаш го пријавила случајот во полиција.


Сплит


Деканот на факултетот, Свен Готовац, изјавил дека поради потпишаните изјави кои се во тајност во полицијата, не може да зборува за деталите на случајот, но само открил  дека 21-годишниот студент кој дал мито му е „поранешен колега".

Сепак, овој студент не бил избркан поради давање мито, туку затоа што на вонредниот рок паднал на испит по математика, кој не успеал да го положи веќе две години, па затоа ја изгубил можноста да ги продолжи студиите.

„Декан сум една година, студирав тука и не сум слушнал за мито, освен во еден случај кога родител понуди пари на професор. Тоа беше уредно пријавено. Ние работиме транспарентно, сите испити се јавни, студентите имаат увид во писмените испити"-рече Готовац.

Исто така, Готовац наведува дека е вообичаено да се остави вратата на кабинетот отворена и дека студентите освен по посебно барање, не  се случува да влегуваат поединечно.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование