X
 25.10.2016 Култура

Најсуровите казни во светот

Најтешката казна во Австралија резервирана за сериските убијци и педофилите е право на живот без помилување, но многу земји се познати по далеку построги казни како, бесење, обезглавување, електричен стол или смртоносни инјекции.

казнување


Кога станува збор за јавното погубување пак, експертите за човекови права од Обединетите нации се едногласни дека тоа нема правна цел и дека со фактот што се случува пред јавноста само се истакнува неговата сурова, нехумана и деградирачка природа.

Смртната казна е легална во 58 земји, а во 2015 првите 5 земји со најмногу спроведени смртни казни се Кина, Иран, Пакистан, Саудиска Арабија и САД. Во многу земји за различни кривични дела се спроведуваат и тортури од типот на ампутација на нога, тепање или кастрација.

Индонезија има воведено серија построги казни за полов однос со дете, меѓу кои и хемиската кастрација која вклучува инјекција или таблета под чие дејство престапникот нема да биде во можност да врши полово дејствие. Иако оваа казна била оценета од јавноста како нехумана, претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, изјавил дека хемиската кастрација значително ќе го намали ваквиот криминал.

Еве кои други форми на казнување постојат во различни земји:

Тепање


Земји: Сингапур, Бурнеи, Индонезија, Малезија и некои земји во Африка


Тепањето е казна за различни криминални дела: киднапирање, кражба, употреба на дрога, вандализам, сексуална злоупотреба, поседување оружје, но и за странци што останале повеќе од 90 дена од датумот на истек на визата. Ваква казна може да добие жената што била во близина на маж кој не е нејзин сопруг или роднина.

тепање


Обезглавување


Земји: Саудиска Арабија, Бенин, Јемен и Катар


Во Саудиска Арабија обезглавувањето најчесто се извршува со меч. Во 2013 година седум мажи биле погубени со стрелачки одред затоа што, според извештаите мечот не бил доволен.

Електрична столица


Земји: САД

Во Соединетите Американски Држави сé уште се користат електрични столици како метод за извршување на смртните казни.

Пад од височина


Земји: Иран

Во Иран судиите може да досудат казна за обвинетите што ќе се состои во фрлање од карпа или друга височина.
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура