X
 11.11.2016 Живот

Отворена е нова продавница за деца "Маша и Медо"



На голема радост на сите родители и нивните деца неодамна во населбата Аеродром се отвори продавницата за деца Маша и Медо. Место каде отсега можат да се купат производи од реномираните производители на детски колички и седишта RECARO, COSATTO и ТHULE.

Во продавницата има широк асортиман на детски производи кои ги карактеризира висок и проверен квалитет, одличен дизајн со многу различни бои, дезени и текстури.

Станува збор за производи кои гарантираат безбедност, и пред сè комфорт за децата. Асортиманот има за цел да понуди опрема и додатоци за вашите најмали со врвен квалитет со кои тие ќе имаат безгрижно и палаво детство, а вие ќе се чувствувате дека сте го направиле најдобриот избор кога е во прашање нивната безбедност.

„Кога размислувавме да ја отвориме продавницата појдовна точка ни беа нашите лични потреби кои како родители ги имаме кон нашите најсакани. Како родители нормално е да се грижиме за нивната безбедност и комфор па во изборот на брендовите и производите сакавме тоа да бидат веќе докажани брендови и производи кои ги заслужиле позитивните критики“, изјавија на отворањето сопствениците.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот