X
 19.11.2016 Живот

Почнете да ги практикувате овие ритуали секое утро и олеснете си го студентскиот живот

На сите нас ни е познато ова сценарио: утро е, алармот ѕвони, а очите не ни се отвараат и единствено нешто што ни доаѓа на памет е да го притиснеме копчето за одложување на алармот за уште некоја минута. Одлучуваме да спиеме уште пет минути подолго, што се претвора во половина час, а потоа паничиме бидејќи ние доцниме за првото предавање. Брзо одиме во бањата, а потоа на автобус кој баш тој ден се движи бавно.


утрински ритуали


И така од ден на ден. Но, дали знаете дека воопшто не мора да биде така, дека утрото може да биде смирено, само ако направиме мал напор? Можно е да се биде одморен, продуктивен и во добро расположение во текот на денот, а клучот е во утринските ритуали кои треба што поскоро да ги усвоите:

Одложување на алармот за 5 минути е забрането

Одложувањето секогаш е лош избор за било што. Колку да ни е тешко да станиме тоа би требало веднаш да го направиме, бидејќи со постојано притискање на копчето одложување на алармот за 5 минути подоцна правиме телото и умот да биде уште повеќе уморни што се одразува на остатокот од денот.

Ако сакате мирно да „впловите“ во денот, дефинитивно ни е потребно барем кратко време да си посветите на себеси. Немојте веднаш да го земате мобилниот телефон и да проверувате пораки пред да се поврзите сами со себе, односно дозволете телото и умот да се поврзат. Во текот на тие неколку минути можете ментално да извршите проверка на листата со обврски за денот што ви претстои.

Хидратацијата е клучна за добар ден, но тука тоа не се однесува само на кожата, туку на целото тело. Затоа, треба веднаш да пиете ладна вода со цел да овозможите вашиот ум да се ревитализира и подобро да функционира.


утринско кафе


Кога станувате од кревет би било паметно да пуштите дневна светлина внатре, бидејќи е докажано дека светлината не буди на природен начин. Очите и целиот ваш организам подоцна ќе ви бидат благодарни.

Може да звучи чудно и многу шокантно, но наместете го вашиот кревет! Една неодамнешна студија пожа дека е во ред да не се намести креветот после спиење, бидејќи ќе имаме помалку прашински грини врз постелнината. Но, местењето на креветот може да биде мала задача во утринските часови, а кога ќе ја извршиме наутро имаме „поттик" расположение, бидејќи имаме чувство дека нешто корисно сме направиле. 

Појадок во никој случај не треба да се прескокнува, а би било добро да се држите до некои енергетски бомби. Каков вид на храна ќе одберете е до вас, но запомнете дека треба да ве држи до ручек.


Љубителите на кафе треба утринското кафе да го пијат полека и затоа е важно да се разбудите порано, за да се посветите на овој мал ритуал барем 20 минути.

Истегнете се или барем 10 минути направете некои вежби за истегнување. Верувајте со тоа ќе можете полесно да ги поднесите дневните студентски обврски.

Погледајте се во огледало и речете си: „Го можеш ти тоа“ бидејќи навистина се ќе преживеете, но многу полесно ќе биде тоа со мирно утро.

Уживајте во музиката што ја сакате или бидете во целосна тишина, зависи што повеќе ви одговара. Ова сосема ќе ве раздвижи или ќе преминете на медитација, но поентата е иста: енергија која трае цел ден додека сте на факултет. 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот