X
 21.11.2016 Живот

Северниот Пол подлегна на голабалното затоплување

Температурата во близина на Северниот Пол е 20 степени целзиусови, што значи е потопло од просекот во моментов, соопштиле истражувачите.

Оваа година температурите се многу потопли од вообичаеното, додека временските станици во Северниот Пол бележат рекордна нaјголема разлика, дури и делови на Арктикот и Русија се за 7 степени целзиусови потопли.


Северен Пол


„Всушност досега износот на покриеност со мраз е пониско од рекордното ниско ниво од 2012 година. Во некои делови на Русија температурите беа 6-7 Целзиусови степени над долгогодишниот просек“- рече Петери Таалас, генерален секретар на Светската Метеоролошка станица.

Многу други региони во Арктикот, Русија, Алјаска и северозападна Канада беа најмалку 3 степени целзиусови над просекот, додаде тој.

Ова е втора година по ред температурите во близина на Северниот Пол да се невообичаено високи. На крајот на 2015 година, температурата на Арктикот скокна до точка на топење, поради големата бура која „испумпа“ топол воздух во регионот.

Што е она што ги предизвикува сите овие необични варијации?

Специјалистот за Арктикот, од Универзитетот Рутгерс, Џенифер Френсис, изјави за „Вашингтон Пост“ дека тоа е поврзано со климатските промени низ остатокот на планетата. Минатата недела од Светската Метеоролошка станица изјавија дека 2016 година најверојатно ќе биде најтоплата година во историјата.

Топлината на Арктикот е резултат на комбинацијата на рекордното ниско ниво на мраз за овој период од годината и многу топол/влажен воздух од екваторот од север со многу брановиден струен проток-изјавила Френсис за „Вашингтон пост“.

Метеоролог Ричард Џејмс, кој пишува блог за времето на Алјаска следи 19 метеоролошки станици ширум Арктичкиот Океан во текот на изминатите неколку месеци и се покажа дека областа е преплавена со топол воздух од месец октомври.

„Досега најниска дневна висока температура оваа сезона е -5,6 целзиусови степени што покажува маркантно отсуство на студ", пишува тој.


Арктикот


Најслична година во минатото беше во 1998 година кога најстудениот ден во средината на ноември достигнал температура од -9.5 Целзиусови степени. Сé уште не е јасно како овој невиден временски модел ќе влијае на локалната флора и фауна, особено се мисли на поларните мечки, кои се спуштаат на Арктикот.

Ако мразот не е доволно густ за да ја издржи нивната тежина, тоа може да биде катастрофално за популацијата на поларните мечки.

Истражувачите ќе продолжат внимателно да ги следат состојбите. Да се надеваме дека Арктикот ќе добие студени денови наскоро, во спротивно може да значи дека влегуваме во уште една рекордна ера на климатските промени.
SaveSave
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот