Во саботата во кино Култура се одржа завршната церемонија на петтите по ред „Твитер награди“ каде беа наградени најдобрите во деветнаесет категории.
И оваа година Македонски Телеком ја награди акцијата „Ретвитни оброк“, која почна како мала волонтерска иницијатива на Твитер заедницата за готвење топли оброци за бездомниците. За само една година Ретвитни оброк од 10, стигнаа до бројка од 200 оброци неделно, за најранливата група на граѓани.
Твитер заедницата од година за година креира вистински импакт врз јавност, а иницијавите како што е „Ретвитни оброк“, стануваат се помасовни и успеваат да направат вистинска разлика во животот на ранливите групи на граѓани.
Најдобрите за 2016 се: