X
 02.09.2016 Технологија

"Twitter" им нуди на корисниците можност за заработка

“Twitter“ им нуди на своите највлијателни корисници да ги пренасочат своите пари од објавување на постови во платформа каде ќе се поставуваат повеќе видеа со рекламни содржини.

Почнувајќи од Вторникот, издавачките куќи и другите повлијателни компании ќе бидат во можност да го одбележат секој твит со видео што го испараќаат покажувајќи кратка реклама пред почнувањето на онлајн видеото на социјалната мрежа Twitter.

Потоа “Twitter“ ќе ги сподели со нив дел од приходите што ги собира од овие реклами. Договорот ќе им даде на корисниците огромен дел од приходите, 70 проценти, додека “Twitter“ зема само 30 проценти за себе, изјавил едно лице кој што е запознаено со договорот.

 

можност за заработувачка преку Twitter 

Корисниците што сакаат да учествуваат мора да аплицираат за пристап до програмата преку апликацијата на Twitter, “
Engagе“. Секој може да аплицира, но “Twitter“ особено бара корисници кои нудат содржини и имаат публика кои се заинтеересирани за нивните брендови.

Со корисничка база која прекумерно се грижи да допре до високо профилни личности и медиумски брендови, “Twitter“ е особено зависен од способноста на овие креатори да ги привлечат обичните луѓе. 

Копмпанијата започна со серија алатки што се грижи за оваа инфраструктура во последните неколку месеци, вклучувајќи и ја апликацијата “Engage“ и “Niche“, платформи со кои се стекна “Twitter“ минатата година за да помогне во доближување на корисниците со заинтересираните брендирани партнери. 

Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија