X
 16.01.2023 Живот

Овој ден е „новиот понеделник“ за работниците на далечина

Хибридните работници генерално прифаќаат шема на останување дома двапати неделно, но не во деновите што би ги очекувале.

Кога станува збор за флексибилна работа, популаризирана уште од периодот на пандемијата, компаниите се обидоа да им овозможат на работниците да работат од дома два дена - обично во петок и во понеделник, за да имаат четири комбинирани „порелаксирани“ дена, сметајќи го викендот кој за многумина е неработен.

Истражувањето на „Блумберг“ покажува дека овој тренд е обратен: излегува дека работниците почесто остануваат дома во четврток отколку во понеделник и во петок.

- Четврток е новиот понеделник - пишува Блумберг, врз основа на податоците од „ВФХ рисрч“, тим академици, вклучувајќи го и Николас Блум од Универзитетот „Стенфорд“, кој собрал податоци за навиките и ставовите на десетици илјади американски работници од почеток на пандемијата.

Петок се рангира како најпопуларен ден за работа од дома во последните шест месеци, потоа следува четврток, додека среда е најчестиот ден за работа во канцеларија.

Наодите покажуваат дека работните шеми постојано се менуваат, а исто така потврдуваат колку е тешко за компаниите да спроведат строги норми поврзани со враќањето во канцелариите, особено на американскиот пазар на труд.

„Пелотон“ е меѓу работодавците кои ги повикаа вработените да работат од вторник до четврток, додека други големи работодавци, на пример „Епл“, сака вработените да бидат на своите работни места во вторник, четврток и еден дополнителен ден, кои би биле одредени од индивидуални тимови.

Претходниот распоред на „Епл“ бараше доаѓање на работа во понеделник, вторник и во четврток.

Кога станува збор за тоа колку биле „зафатени“ канцелариите во октомври, во десет големи американски градови податоците на безбедносната фирма „Кестл системс“ покажуваат дека повеќето луѓе оделе на работа во средината на неделата.

Извор: Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот